стигматизира св. и несв.

стигматизира (св. и несв.)

Распојасани поими, стигматизирана и со кус здив метафорика, идеологизирана сфера на логотетство... тоа е „формата“ на нашето јавно мнение, наметната и секогаш наметнувана со политичката сила на авторитарните смени меѓу мрачните патријархални позиција и „опозиција“.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
25 Границите не служат само за разграничување помеѓу „пријатели“ и „непријатели“, помеѓу „граѓани“ кои имаат одредени права и обврски и „странци“, туку тие исто така го сочинуваат она што е блиско и прифатливо за заедницата, како спротивно на она што заедницата сака да го негира, стигматизира и депортира, да го отфрли од своето тело.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Кампот служи за да се издишува претензијата, да се растура хиерархијата и да се запомни дека сите настрани се стигматизирани и дека никој не заслужува достоинство што е за сметка на туѓ срам.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Идентитетот може да ја извршува ова важна практична и политичка функција зашто им овозможува и навистина ги поттикнува нормалните луѓе да ги категоризираат припадниците на стигматизираната популација како единствена група, не врз основа на нивното одбивно однесување, туку, понеутрално, врз основа на нивниот „идентитет“ – односно, на нивната заедничка припадност во „заедница“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)